Акцијата за перење и чистење на улиците продолжува утре на Македонска и Илинденска

Акцијата за перење и чистење на улиците продолжува утре на Македонска и Илинденска

Прекинатата акција под мотото „Да градиме поубава и поздрава животна средина“ на ЈП Камена Река – Македонска Каменица продолжува утре. За таа цел, ЈП Камена Река ги известува граѓаните дека од утре 19. Август 2019 година проддолжува со редовно перење и чистење на улиците Македонска и Илинденска. Дополнително ќе биде објавен распоредот на преостанатите улици предвидени во оваа акција, со која ЈП Камена Река дополнително ќе придолесе за зголемување на јавната чистота во градот.

Акцијата започнува во 06:00 часот наутро. ЈП Камена Река ги замолува граѓаните во наведениот термин да ги отстранат градежниот материјал и моторните возила од улиците, за олеснета работа на екипите на терен и намалување на ризиците од несакани последици и штети по имотите на граѓаните.

G BR