АПЕЛ: Поради ниските температури заштитете ги водомерите од замрзнување
Апел до корисниците на услугите за водоснабдување на ЈП Камена Река – Македонска Каменица: Поради ниските температури заштитете ги водомерите од замрзнување
Поради најавените ниски, ноќни и утрински температури, неопходна е термоизолација на водомерите поради заштита од замрзнување, пукање или други дефекти. За дополнителни инструкции, за начинот како да биде извршена термоизолацијата на водомерите консултирајте се на телефонскиот број: 078485109 – Симо Митевски
ЈП Камена Река ги информира граѓаните дека, поради превенција од оштетување при мрзнење, од водоводната мрежа се исклучени сите градски фонтани и чешми. Исто така, Јавниот градски тоалет во Македонска Каменица нема да биде во употреба се додека траат ниските ноќни и утрински температури.
One thought on “АПЕЛ: Поради ниските температури заштитете ги водомерите од замрзнување”
Comments are closed.