ВОНРЕДНО ЧИСТЕЊЕ И САНАЦИЈА НА ШТЕТИ ОД ЗАПУШЕНИ КАНАЛИЗАЦИОНИ ШАХТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

ВОНРЕДНО ЧИСТЕЊЕ И САНАЦИЈА НА ШТЕТИ ОД ЗАПУШЕНИ КАНАЛИЗАЦИОНИ ШАХТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Во текот на изминатата седмица вработените на Ј.П. Камена Река активно работеа на отпушување на повеќе канализациони шахти во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Проблемот со запушување на канализационите шахти најчесто се јавува поради фрлени предмети од цврсти и неразградливи материјали во истите.

Затоа, апелираме и ги замолуваме несовесните граѓани на општина Македонска Каменица да престанат со фрлање на тврди предмети, отпад, “влошки” и “влажни марамчиња”, со што во иднина би се избегнале проблеми со запушувањето на канализационата мрежа.

Канализациониот систем во секоја градска средина е многу важен сегмент од секојдневниот живот на граѓаните и претставува показател за урбаниот развој на градот и Општината.

Kamena Reka