ЈП Камена Река организира Екоакција по повод 21. Март – Денот на пролетта

ЈП Камена Река организира Екоакција по повод 21. Март – Денот на пролетта

Почитувани,

По повод Денот на пролетта, 21.03.2022 година (понеделник), Ве известуваме дека, во соработка со институциите во градот, воспитнообразовните установи и сите заинтересирани граѓани на општина Македонска Каменица ќе биде организирана пролетна екоакција.

Покрај чистење на излезите од градот кон Кочани и Делчево, пролетната екоакција опфаќа и засадување на дрвни садници на излезот од Македонска Каменица кон приградската населба Павлиш Дол и м.в Падарница.
Исто така, заедно со најмладите, дечињата и учениците, планирано е хортикултурно уредување на повеќе јавни простори во градот, како и дворовите од детската градинка и двете училишта во Македонска Каменица.

Упатуваме јавна покана до сите граѓани да се приклучат кон акцијата за чистење на градот и засадување на садници, како би дале свој допринос за поубава, почиста и поздрава животна средина.

Собирно место и време за почеток на акцијата: Пред просториите на ЈП “Камена Река”, во 09:00 часот.

Со почит,
ЈП Камена Река Македонска Каменица

 

 

Kamena Reka