НАГРАДНА ИГРА: ЈП „Камена Река“ ги наградува домаќинствата кои редовно плаќаат комунални такси

Ј.П ,,Камена Река” ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека продолжува традиционалната НАГРАДНА ИГРА за свои корисници кои редовно плаќаат комунална такса за услуги.
Во наградната игра ќе учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2021 година и тоа најдоцна до 31.01.2022 година.

Главни награди од ЈП Камена Река за редовните плаќачи на услуги се:

  • Прва награда…………….. ТЕЛЕВИЗОР
  • Втора награда……………. МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
  • Трета награда……………. ТРИМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА УСЛУГИ

Доделувањето на наградите ќе се изврши на 16.02.2022 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот со влечење на ливче со шифра.

Шифрите ќе бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка.
За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка.
Затоа ги покануваме граѓаните на општина Македонска Каменица и сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2021 година, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето и заеднички да ја споделиме среќата со среќните добитници.

Kamena Reka

2 thoughts on “НАГРАДНА ИГРА: ЈП „Камена Река“ ги наградува домаќинствата кои редовно плаќаат комунални такси

  1. Pingback: 1midlands

Comments are closed.