Важно соопштение за прекин на снабдувањето со вода за пиење на улица Индустриска во Македонска Каменица

Важно соопштение за прекин на снабдувањето со вода за пиење на улица Индустриска во Македонска Каменица

Важно соопштение за прекин на снабдувањето со вода за пиење на улица Индустриска во Македонска Каменица

 

 

Почитувани сограѓани,

Ова соопштение се однесува на нашите сограѓани, корисници на водоводниот систем од улица Индустриска.

Ве известуваме, дека утре 20. Јули 2023 година, во раните утрински часови, со почеток од 06:30 часот, ќе биде прекинато снабдувањето со вода за пиење, поради отстранување на поголем дефект и интервентно чистење на вентилите и филтрите од настанати атмосферски талози.

Ја разбираме сериозноста на ситуацијата и се извинуваме до сите засегнати корисници. Ние, во текот на утрешниот ден и покрај отежнатите услови за работа поради високите неповолни темпетатури, ќе работиме непрекинато на решавање на проблемот и на враќање на вашето нормално снабдување со вода за пиење.

Постојат ситуации во кои времето за поправка може да биде подолго од очекуваното, но нашите тимови ќе се обидат да ги минимизираат можностите од дополнителни и подолготрајни непријатности предизвикани од прекинот на снабдувањето со вода за пиење. Очекуваме дека работата за поправка на дефектот ќе биде завршена во рок само неколку часови.

Сепак, ве советуваме да преземете претпазливи мерки за осигурување на достапна вода за пиење во доволни количини додека трае прекинот на снабдувањето со вода.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да го контактирате со нас на телефонскиот број +389 70 365 776. Нашиот тим е на располагање за да ви помогне и да ви ги даде сите потребни информации.

Ви благодариме за вашето разбирање и соработка.

 

Со почит,
Влатко Димитровски – директор
ЈП Камена Река Македонска Каменица

admin 4135