Спроведуваме редовна дератизација на шахтите од фекалната и атмосферска канализациона мрежа во Македонска Каменица
Би сакале да ве информираме, дека почнувајќи од денеска, ќе се спроведува редовна дератизација на шахтите од фекалната и атмосферска канализациона мрежа во градот. Оваа активност е дел од нашите редовни мерки за заштита на јавното здравје, со цел да се спречи појава и ширење на штетни глодари кои можат да предизвикаат сериозни здравствени ризици за населението.

Дератизацијата ќе ја изведува лиценцирана компанија во соработка со ЈП “Камена Река” користејќи стандардни методи и сертифицирани препарати, кои се еколошки прифатливи и безбедни за луѓето и животната средина.

Ве замолуваме да избегнувате непосреден контакт со третираните шахти и отвори од фекалната и атмосферската канализација во следниот период и да ги информирате најблиските членови на своите семејства за преземените мерки. Упатуваме благодарност за вашата поддршка, разбирање и соработка во одржувањето на чистата и безбедна животна средина.

23 thoughts on “Спроведуваме редовна дератизација на шахтите од фекалната и атмосферска канализациона мрежа во Македонска Каменица”
Comments are closed.