Поради дефект на водоводната мрежа жителите на Стара Каменица и Дулица денес без вода за пиење

Поради дефект на водоводната мрежа жителите на Стара Каменица и Дулица денес без вода за пиење

Јавното претпријатие ЈП Камен Река ги информира жителите на Стара Каменица и село Дулица, дека поради дефект на главната водоводна линија снабдувањето со вода е прекинато.

Корисниците од овие населени места без вода ќе бидат се до санирање на дефектот, а екипите на ЈП Камена Река интензивно работат на негово санирање.

Kamena Reka