Еко-акција на ЈП Камена Река (Фото)

Еко-акција на ЈП Камена Река (Фото)

Во континуитет, вработените во ЈП Камена Река проддолжуваат да спроведуваат организирани Еко-акции на територијата на општина Македонска Каменица. Во акцијата се вклучени сите вработени во Јавносто претпријатие, кои ги чистат влезовите градот, централното градско подрачје, влезовите во колективните стамбени живеалишта и просторот околу нив. Исто така, во Еко акцијата е вклучена крупна механизација од ЈП Камена Река за уредување на јавните површини и цистерни од ТППЕ за перење на улиците и паркинзите.

Со ова ЈП Камена Река заедно со вработените, продолжувајчи ја праксата да организира Еко-акции во неработни денови, дава свој дополенителен придонес кон уредување на градот пред претстојниот троен празник во Македонска Каменица: Ден на Општината, Ден на рударите и големиот христијански празник  „Успение на Пресвета Богородица“ заштитник на рударите.

 

 

Kamena Reka