Започна акцијата за уредување и чистење на влезовите во Македонска Каменица

Започна акцијата за уредување и чистење на влезовите во Македонска Каменица

ЈП Камена Река продолжува со редовното чистење на јавните површини во градот. Во рамки на започнатата акција „Уреден и чист град“ ЈП Камена Река започна со комплетно уредување на двата излеза од Македонска Каменица кон Кочани и Делчево. Веќе се уредени попатните паркинг простори кон Кочани каде се поставени контејнери за отпад и табли со натписи за одржување на јавната чистота. Во наредниот период ЈП Камена Река, планира целосно уредување на овој простор со поставување осветлување и  урбана опрема. Ќе бидат засадени и украсни декоративни дрвца и клупи за одмор. Акцијата „Уреден и чист град“ ќе продолжи и во наредниот период со чистење на излезот кон Делчево и на останатите јавни површини во Македонска Каменица.

Kamena Reka