СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА КАКО РЕАКЦИЈА НА ИЗНЕСЕНИТЕ ЛАГИ И НЕВИСТИНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА КАКО РЕАКЦИЈА НА ИЗНЕСЕНИТЕ ЛАГИ И НЕВИСТИНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Ве информираме дека Јавното претпријатие „Камена Река“ по доставена финансиска понуда до Д.П.Т.У ГИВ ГРУП ДОО увоз извоз Скопје е ангажирано за демонтажа на под во спортска сала во Македонска Каменица. Финансиските средства наведени во понудата ќе бидат исплатени по извршувањето на услугата кон побарувачот. Истите, веднаш после исплатата ќе бидат јавно и транспарентно објавени како дополнителен приход на Јавното претпријатие „Камена Река“ – Македонска Каменица.

Сакаме да ја информираме јавноста дека, со ваквиот начин на функционирање на Јавното претпријатие, преку обезбедување на дополнителни приходи, создаваме услови да понудиме поквалитетни услуги кон граѓаните на општина Македонска Каменица, како и значително да го подобриме статусот и регулираме работниот однос на ангажираните лица во претпријатието.

Апелираме до граѓаните на Општина Македонска Каменица да не подлегнуваат на изнесените лаги и невистини на социјалните мрежи од партиите во опозиција, бидејќи преку извртени и небулозни тези во случајов, се обидуваат да дојдат до ситни политички поени. Граѓаните на Македонска Каменица и вработените добро знаат дека помина времето кога ЈП Камена Река на незаконски начин работеше за задоволување на лични интереси и партиска корист.

Грижа на Јавното претпријатие „Камена Река“ и приоритет кај сите вработени во претпријатието остануваат подобрените услуги и редовното сервисирање на потребите на граѓаните, јавната и комунална чистота во градот, кои се овозможени и преку дополнително добиените средства преку ангажман на сите потенцијали и капацитети со кои располагаме како претпријатие.

 

 

ЈП Камена Река
Општина Македонска Каменица

 

Kamena Reka