Шеста акција за собирање и транспортирање на електронски отпад Македонска Каменица

Шеста акција за собирање и транспортирање на електронски отпад Македонска Каменица

Според Меморандумот за соработка потпишан од страна на општина Македонска Каменица и Елколект ДОО Скопје, со цел подигање на јавната свест и подобрување на животот на граѓаните преку селектирање на електронски и електричен отпад, денес беше извршена шестата акција за подигање и транспортирање на собраниот отпад од собирната станица во кругот на ЈП „Камена Река“.

Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“ како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена во градот им се заблагодаруваат на граѓаните кои своите дотраени елетрични апарати ги оставаат во собирната станица и со тоа активно се вклучуваат во подобрувањето на здравата и чиста средина во нашата општина.

 

Kamena Reka