ЈП Камена Река организира Наградна игра за редовните плаќачи на услугите

ЈП Камена Река организира Наградна игра за редовните плаќачи на услугите

Ј.П ,,Камена Река” – Македонска Каменица продолжува со организирање на НАГРАДНА ИГРА за своите корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса.

Во наградната игра ќе учествуваат сите корисници кои ќе ја подмират комуналната такса за месец Декември 2019 година, најдоцна до 15.02.2020 година.

 

Прва награда…………………. Смарт телевизор

Втора награда……………….. Електрична скара

Трета награда………………… Шестмесечна претплата

 

Доделувањето на наградите ќе се изврши на 21. 02.2020 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот. Шифрите ке бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка. Затоа ги покануваме сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2019, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето и заеднички да ја споделиме среќата со среќните добитници.

Kamena Reka