Чистење на зафатите за вода за пиење на изворот Горештица

Чистење на зафатите за вода за пиење на изворот Горештица
ЈП „Камена Река“ започна со чистење и целосна замена на филтерски слој на зафватот за вода за пиење, Горештица. Со ова, се обезбедува почиста вода за пиење, а истовремено се зголемува и капацитетот на истата.
 
Ова е прва активност која се спроведува по изградбата на зафатот за вода. Претходно, во изминативе две години, со ваков третман беа опфатени и изворите во с. Моштица и с. Цера.
 
Средствата во висина од 300.000,00 денари за оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, се издвоени од буџетот на ЈП Камена Река.
Како претпријатие задолжено за снабдување со квалитетна вода за пиење на домаќинствата и константно одржување на водоводната мрежа и изворите на вода, Камена Река и во иднина ќе продолжи со редовните активности потребни за овозможување на наведените потреби на граѓаните на опшина Македонска Каменица.

Kamena Reka